top of page

Мисија и цели

Мисијата на МГИ Енергетика, препознавајќи ги потребите на нашето општество, економските и еколошките услови, се состои од:

  • Следење чекор со најновите достигнувања областа на обновливите извори на енергија, посебно во областа на фотоволтачните системи и нивна ефективна примена за производство на електрична енергија

  • Заштита на животната средина преку зголемување на заштедената емисија на CO2

  • Плодна соработка со академската заедница и македонските претпријатија од областа на енергетиката за обезбедување на трансфер на знаења и искуство, како и соработка на научноистражувачки и апликативни проекти

Визија

Визијата на МГИ Енергетика е да биде лидер во областa на своето делување во земјата и во регионот. Основна определба е задоволството на клиентите, преку што се гледа и севкупниот напредок на компанијата. Таа определба не е само формална туку е поткрепена со соодветните среднорочни и долгорочни планови за развој и зголемување на производството

Нашиот систем

Изведбата е со површинска поставеност на панелите врз метална конструкција набиена во подлогата со систем за следење (tracker) кој ја следи поставеноста на Сонцето во текот на денот и соодветно ја корегира положбата на панелите во најповолна.

Приклучокот кон енергетската мрежа е на среднонапонска мрежа во непосредна близина на електраната.

Двостраниот (Bifacial) систем на панелите и поставената бела рефлектирачка подлога, го покачува годишното производство за околу 5%.

Tracker системот го покачува годишното производство за скоро 20 %, а во некои месеци и преку 30% од предвиденото за фиксни панели.

Инсталирана моќност по панел

455 W

Вкупно инсталирана моќност

999.18 kW

Инсталирана моќност по панел

455 W

Тип на панел

JA SOLAR JAM72D20 72/144, 2196 панели вкупно

Тип на инвертер

Huawei SUN2000-60KTL-M0 6MPPT трофазен инвертер 60KW,

16 вкупно

Монтажна конструкција

Алуминиумска подвижна потконструкција прицврстена на челични набиени профили

Тракер-систем за ориентација

Metaloumin systems Athens 200 bar притисок

Потрошувачка на ел. енергија

Занемарлива за сопствени потреби

Рефлектирачка подлога

Ситен кварц со албедо од 25% (Ultracell мерач)

Тип на трафостаница

KBTS transformer 1250 kV, 0.4 kV

Површина

12.000 m2

Технички параметри на електраната

Продукција на електрична енергија

bottom of page